Материјали за учење
Овој прирачник е резултат на проектот [p]:ROBOT, ко-финансиран од Еразмус+ , програма на Европската Унија.
Материјалите за учење кои ги нудиме беа развиени како дел од интернационален конзорциум, составен од:
Главни резултати
Материјалите содржани во секоја лекција може да се користат како почетни за активности на учениците. Може да се користат како лекции по информатика, математика, физика, хемија и да се користат во целост или како дел од лекцијата. Документот означен како O1 е материјал за учениците, а документот О2 е помошен материјал за наставниците.
Иако нема некој посебен редослед, постојат некои корелации помеѓу различни лекции. Примери на корелации може да се видат во следните верзии:
Верзија 1
Основен модул- мотори.
Питагорина теорема.
Гиро сензор и геометриски фигуриr.
Триаголници нацртани со помош на робот.
График на линеарна функција.
Круг и негова примена.
Oд точка до точка.
Конусни делови.
Брауново движење.
Верзија 2
Основен модул- мотори.
Основен модул - звук.
Мерење на терен со користење на ултрасонички сензор.
Примена на ултрасоничен сензор кај возила.
Геодезите го истражуваат Марс и неговите месечини .
Сумо робот.
Круг - мерење на растојание.
Верзија 3
Основен модул- мотори.
Основен модул - дисплеј и LED.
Музеј во ноќта.
Без логика нема движење.
Лего EV3 роботи, математика и музика.
Користење на поле во програмирањето & сензори за боја.
Движење на робот во поле со препреки.
Верзија 4
Основен модул- мотори.
Стирлингов мотор.
Земјино забрзување со Лего EV3 & Python.
Вентилатор контролиран од сензор за температура.
Коефициент на статичко триење.
Интегрирање на хемија преку работа со течности.
Роботска рака.
Симулатор
Симулаторот е многу важен дел од проектот. Ви овозможува да симулирате работа со Лего робот, доколку го немате. На ваков начин, лекциите се применливи и за оние училишта, кои немаат роботи. Ученикот може да види како функционира програмирање на робот и во домашни услови. Посебно за онлајн настава, може да ги збогатите вашите часови, преку задавање на истражувачки активности и работа во групи. Битни насоки за користење на симулаторот:
Програмирањето е во Python.
Основниот софтвер за овој дел од проектот е EDU верзијата на Coppelia Robotics V-rep. Работи на Windows, macOS и Ubuntu Linux. Забелешка: користиме VREP EDU PLAYER, а не CoppeliaSim Player.
Едукативниот модел на Лего роботот може да го симнете овде. Ако, сепак ја користите библиотеката на Пробот, опишана подолу, овој модел е веќе додаден во сцените од библиотеката.
Библиотеките на Python се наоѓаат на github.
Детална процедура за инсталација, како и користењето на примерите, се опишани во следните слајдови :
Повеќе примери се наведени овде: главна веб страна (на англиски јазик).